Не е добро за државата, омразата на одредени личности во СДСМ да се проектира кон
институциите, одговори денеска на новинарско прашање министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во врска со барањата на опозицискиот „Сојуз на иднината“
за смена на министрите за правда, за внатрешни работи
и за финансии со личности кои со својот кредибилитет ќе гарантираат
објективност на изборниот процес.

– За успешноста или неуспешноста на функционирањето на МВР најмногу говорат резултатите, но уште повеќе говори  довербата која граѓаните ја даваат на една политичка гарнитура на избори. СДСМ шест пати по ред од година во година трпи се покатастрофален пораз, не од министрите, туку од граѓаните кои не им ја даваат довербата единствено заради фактот што тие немаат никаква конкретна понуда, проекти и немаат резултати кои би ги презентирале од времето кога тие имале можност да раководат со државата, рече Јанкулоска на прес – конференцијата за полициската акција „Детонатор“.

OhridNews