Пред законот сите одговараат еднакво и никој не може да се крие зад никаква припадност рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска коментирајќи ги реакциите на дел од албанските партии и протестите што се случија во петокот во Скопје против апсењето на осомничените за петкратното убиство кај Смилковци.
-Можам на сите да им порачам дека ќе продолжиме да дејствуваме на ист начин и никој не смее и не може да се крие зад никаква припадност и зад никакви други сопствени видувања доколку направил криминал, изјави Јанкуловска.
Таа истакна дека МВР во соработка со сите безбедносни служби работи на пронаоѓање на осомничените кои се се уште во бегство, повикувајќи ги фоколку како што тврдат нивните семејства дека не виновни, да се вратат во земјата.
– Без разлика дали е Белгија, Шпанија, Франција, Косово…доколку некој не чуствува одговорност нема зошто да бега од полицијата, рече Јанкуловска.
Министерката за внатрешни работи ги повика политичарите да не го користат случајот во политички цели.
OhridNews