Викендов во Охрид на спортско рекреативниот центар
“Билјанини Извори“ ќе започне Детската фудбалска лига за југозападниот
дел од државата. Покрај Охрид во лигата ќе учествуваат екипи од Струга и
Дебар.

Се е подготвено
за почетокот на Детската фудбалска лига која е поддржана од Фудбалската
федерација на Македонија. Во неа ќе земат учество 11 фудбалски школи од
југозападниот регион, а на терените ќе продефилираат повеќе од 350 деца и ќе биде полн погодок за овој дел од државата 
– истакна координаторот на проектот, Наум Јанкуловски.

Јанкуловски
очекува голема заинтересираност на сите родители и од сите спортски
вљубенци во фудбалот каде во наредните три месеци ќе уживаат во Детската
фудбалска лига. Натпреварите се играа кружно дома – гости, а
рангирањето е бод систем.

– Одбран е моделот на турнирско
натпреварување. Секој тим по еднаш ќе биде домаќин во сезоната на сите
категории. Детската фудбалска лига е поделена во три категории 2000
година, 2001/2002 и 2003/2004. Во најстарата категорија ќе се игра на
целиот терен и со 11 фудбалери, во средната ќе се игра на димензии  50 –
34метри со 8 играчи додека кај најмладите димензии ќе бидат помали 40-0
метри ќе се игра со седум –
рече Јанкуловски.

Во Детската фудбалска лига ќе се игра според правилита на ФФМ, на натпреварите ќе ги водат судии од федерацијата.



Секое правило мора да се почитува, а во лигата пред се сакам дечињата
да другаруваат и забавуваат. Резултатите од овие лиги се втор план, прво
во дечињата мора да го вградиме фер плејот и почитувањето на
противникот –
посочи Јанкуловски.

Координаторот на Детската
фудбалска лига, Јанкуловски упати голема благодарност од Општината Охрид
која го овозможи “главниот“ терен на Билјани Извори и ја поддржа Детскатата фудбалска лига, а ги повика сите
љубители во фудбалот в сабота да одвојат време и да присуствуваат на
отварањето на лигата.

Мх.П.