Младиот Аднан Јанузај ги врати „црвените ѓаволи“ во живот откако погоди два пати во вториот дел за победа над Сандерленд 2-1 и стави точка на бледите настапи на актуелниот англиски првак.

Домаќините имаа предност уште од седмата минута кога Кларк Гарднер со погодок ја казни грешката на Немања Видиќ. Првиот старт во Манчестер Јунајтед, Белгиецот, Јанузај го круниса со два погодоци и победа со пресврт препознатлива само со „бебињата“.

Резултати : Сандерленд – Мен Ју 1-2, Ливерпуч – Кристал Палас 3-0, Мен Сити – Евертон 3-1, Кардиф – Њукасл 1-2, Фулам – Стоук 1-0, Хул – Астон Вила 0-0.

Табела : Ливерпул 16, Арсенал 15, Мен Сити 13, Тотенхем 13, Евертон 12….

 

Мх.П.