Јапонија го зголеми нивото на радијација по катастрофата во нуклеарната централа Фукушима од пет на највисоката седум, со што катастрофата е израмнета со онаа што во 1986 година се случи во Чернобил.

Одлуката следува откако јапонската агенција за нуклеарна и индустриска безбедност ги објави прелиминарните пресметки според кои оштетената централа испушта 10.000 терабекерели радиоактивен материјал на час.

Меѓународната скала на нуклеарни и радиолошки случувања се движи од Ниво 1, кое покажува мала опасност за населението, до Ниво 7 или „голема несреќа“ при што доаѓа до испуштање на голема количина на радиоактивен материјал.

Оператор на нуклеарката предупреди дека катастрофата може да го надмине и Чернобил доколку не успеат да се затворат пукнатините.

Операторот на хаварисаната јапонска нуклеарна централа Фукушима, ТЕПКО, објави денеска дека по серијата силни земјотреси персоналот од нуклеарката е евакуиран, но дека пумпите во реакторите 1,2 и 3 работат без неправилности.

Денеска Јапонија ја погодија два земјотреси, еден со магнитуда од 6,3 степени во близина на брегот на префектурата Чиба на истокот на земјата и втор со магнитуда од 5,5 степени во префектурата Нагано во централниот дел од земјата

OhridNews
извор:„Макфакс“.