На покана од јапонската страна која е вклучена во проекти за рехабилитација на колекторскиот систем во охридско – струшкиот регион кој го опфаќа колекторскиот систем кој го штити од загадување Охридското езеро, директорот на  ЈП Проаква, Томе Паскалоски престојуваше во Токио каде имаше можност да се запознае со функционирањето на канализациониот и пречистителниот систем во јапонската престолнина.

– Најважен сегмент на престојот се сознанијата околу тоа како во Јапонија се рехабилитира на дотраените цевки од канализациониот систем кој е еден од најстарите и најголемите во светот. Стекнатото знаење треба да се пренесе и тука , а јапонската страна како идни соработници и заемодавачи да ги пренесат и искажат искрените намери како сериозни парнтери во решавањето на проблемот со колекторскиот систем во Охрид и Струга, негова санација и рехабилитација – изјави Томе Паскалоски.

Паскалоски додава дека во Јапонија има утврден информациски систем, според кој точно се знае на кој дел од нивниот канализационен систем ќе се интервнерира во наредните 80 години.

– Тоа е толку прецизно и систематски направено , целиот канализационен систем е снимен со камери, по систем на снимање од 360 степени и имаат најпрецизна информација , секоја цевка каде е оштетена, каква е штетата на цевката и сето тоа е внесено во комјутерска база на податоци, во тотален информативен систем и и маат најпрецизни информации за целокупниот канализационен систем, буквално за секој сантиметар од  16 000 километри цевки од кои е составен одводот во Токио – вели Паскалоски.

Тој зборува и за најновите техники за инсталација на цевки во постојниот канализациски систем без да се копа асфалтот и да се прават скапи градежни зафати. Додава дека ваквите искуства и знаења за технолошките можности кои ги презентира јапонсакта страна се драгоцени и отвораат одлични перспективи за идна рехабилитација на одводот во Охрид и Струга.

OhridNews