Јапонски поет Хироши Таниучи е добитник на годинешната награда „Мостови на Струга“ која се доделува од страна на УНЕСКО и „Струшките вечери на поезијата“.

Вечрва, во Париз, каде ќе отпочне одбележувањето на 50- годишниот  јубилеј на манифестацијата,  тој и официјално ќе биде прогласен за добитник на наградата. Манифестацијата ќе ја отвори македонскиот амбасадор во Франција Агрон Буџаку. Се очекува да се обрати и амбасадорот на Јапонија во УНЕСКО Исао Кисо, а за фестивалот ќе говори Данило Коцевски, директорот на “Струшките вечери на поезијата”.

На свеченоста ќе биде претставен и свое обраќање ќе има академик Матеја Матевски, лауреат на 50-то издание на СВП.
Ќе се одржи и изложба на македонскиот сликар Владимир Темков, а манифестацијата ќе биде затворена со прикажување на документарен филм за 50-те години постоење на манифестацијата “Струшки вечери на поезијата”.

OhridNews