Во организација на Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро при Министерството за животна средина и просторно планирање,  Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА) и Општината Охрид , утре, со почеток во 11 часот ,во Салата на Општина Охрид ќе се одржи Семинар за презентација на резултатите од истражувањата на јапонските експерти за состојбата со колекторскиот систем на Охридскиот езеро ,како  и презентација на техники за рехабилитација на системот.

Презентацијата ќе ја одржат експерти ангажирани од Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА). Оваа презентација е дел од програмата за техничка помош која Јапонската влада ја спроведува во контекст на процесот за рехабилитација и надградба на системот за одведување на отпадни води околу Охридското Езеро на македонска страна.

На презентацијата покрај Општините и јавните претпријатија поканети се и преставници на Министерството за животна средина и просторно планирање како и на меѓународни организациии и донатори во областа на управување со водите во Република Македонија.

OhridNews