Културното и природното богатство, традиционално подготвената храна и убавото вино биле главните адути, со кои Македонија се претставила на престижниот саем за туризам „Jata Turisam Expo“ кој кој се одржуваше во  Токио, Јапонија од 25-ти до 28-ми септември 2014 година.

-На овој саем втора година по ред учествуваше и Република Македонија, со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи. Во рамки на саемот беше организирана и  изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на посетители кои не останаа рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Во рамки на саемот, македонската делегација остварила средби со претставници на H.I.S.CО,LTD и JTB Grand Tours,INC кои се едни од најголемите тур оператори во Јапонија.

Инаку на Интернационалната туристичка берза ЈАТА годинава учествувале 151 земји, а биле изложени со приближно 1.817 штандови од 1.129 туристички организации и компании од областа на туризмот. Оваа саемска манифестација ја посетиле 157.589 посетители.

OhridNews