Во рамките на поддршката што Јапонската влада и ја дава на Македонија, претставници на меѓународната агенција за соработка – ЈИЦА, предводени од заменикот директор Араки Арефу го посетија Центарот за развој на Југозапападниот плански регион, при што беше разговарано за решавањето на проблемот со цврстиот отпад во Регионот. На средбата, директорката на Центарот за развој, Мирјана Лозаноска, информира за досегашните чекори што се преземени за решавање на овој приоритетен проблем, а стана збор и за останатите проекти што се реализирани во изминативе две години.


Претставниците на агенцијата посебно се интересираа за функционирањето на комуналните претпријатија, начинот на собирањето и третирањето на цврстиот отпад. Во рамките на престојот во Регионот тие ќе посетат неколку јавни комунални претпријатија и дел од депониите со цел да добијат целосна слика за моменталните состојби во менаџирањето на овој проблем.


По завршувањето на анализата, од тимот што е во Македонија ќе биде изработен извештај, и дури потоа од седиштето на агенцијата од Токио ќе бидат утврдени полињата на идната соработка и видовите помош што може да ги очекува Југозападниот плански регион.

OhridNews