Документарниот филм  „Јас и мојот живот без некои работи“ на младиот охридски режисер Илија Пиперкоски, по успешната премиера неодамна, повторно се враќа на репертоарот на центраот за култура „Григор Прличев“.

Документарецот заради заинтересираност на охриѓани ќе биде репризиран утре, петок, со почеток во 18 часот.

Во најновото филмско остварување на Пиперкоски е раскажана потресната прикаzна на младото момче Драгош  кој и покрај ужасниот живот успева да се запише на Академија за театар и филм.

Филмот е снимен во романските градови Букурешт, Бузау, Фагараш и Клуж .

OhridNews