На свеченоста на која присуствуваа голем број гости, свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески. Тој изрази задоволство, што децата од предшколска возраст, ќе добијат можност за едукација по теркот на европските земји. Меѓудругото, Петрески најави и решавање на статусот на вработените во оваа установа.
„Голем број на воспитувачи од градинките во градот, работат со договор на дело. Доколу статусот на вработените во образовните установи од Охрид, не биде решен во најбрз можен рок од страна на надлежното министерство, тоа ќе го направи општина, односно ќе ги вработи воспитувачките и негувателките, чии статус се уште не е решен“ – изјави Петрески.
наменските средства обезбедени од хуманитарната акција
новите простории во установата „Јасна Ристеска“
Од општината најавија и комплетно реновирање на градинката во населбата „Лескајца“, како и изградба на нова спортска сала во комплексот на ОУ „Григор Прличев“. „Со изградба на нова спортска сала во комплексот на основото училиште „Григор Прличев“, средношколците од гимназијата како и од економското училиште, ќе можат да ги задоволат своите спортски потреби. Исто така, овој нов објект, го ставаме на располагање на градинката „Јасна Ристеска“ – додаде Петрески.
68 – годишнината од ослободување на Охрид, продолжува со низа свечености.












