Министерството за одбрана на Република Македонија денес објави јавен оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години за: специјалните единици на Армијата на Република Македонија и други родови и служби на Армијата на Република Македонија.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од три години.
Јавниот оглас за прием на професионални војници трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници, а пријавите со потребните документи се поднесуваат во Секторот за цивилно-воена соработка со регионални центри за одбрана во Одделенијата за одбрана за регионите за градовите/општините во Република Македонија.
OhridNews