
Финансиските средства од ИПАРД програмата 2007-2013 во врска со спроведувањето на овој Јавен повик од јануари 2014 година се наменети за следните мерки: Мерка 101 – Инвестиции на земјоделски стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската Унија, Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европска Унија, Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.
Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.











