Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот и Програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2014 година, Општина Охрид објавува јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2014.

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

Деталите за начинот на пријавување и процедури коишто треба да се следат, заинтересираните лица можат да ги најдат на интернет страната на локалната самоуправа.

Крајниот рок за прием на пријавите е 23 април 2014 година до 16 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.

OhridNews