Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, објави јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2017 година.

– Ќе се поддржат програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер, различни видови активности на лица со посебни потреби и подобрување на инфраструктурната состојба на подрачјето на Општина Охрид, нагласуваат од локалната самоуправа.

На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица. Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2017 година.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

OhridNews