Јавниот повик се однесува на Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија каде што прифатливи проекти се оние чиј вкупен износ на прифатливи трошоци е од минимум 5.000 евра, до максимум 400.000 евра; Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци е од 15.000 евра до 800.000 евра и Диверзификација и развој на руралните економски активности каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци е од 5.000 евра до 200.000 евра.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 14- ти април 2011 година.