
„Се повикуваат банките, правните лица кои вршат дистрибуција и снабдување со електрична енергија и оние кои вршат дистрибуција и снабдување со топлинска енегрија, нотарите и извршителите пред кои е поднесено барање за присилна наплата, до министерството за финансии да достават изјава за интерес за склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски за еднократно отпишување на долговите на граѓаните и изјава дека се согласуваат да се откажат од побарувањата поврзани со главниот долг кои настанале по 31.12.2013 година, изјавите се доставуваат заклучно со 11 август 2014 година, до писарницата на министерството за финансии“, стои во јавниот повик од Министерството за финанасии.
OhridNews












