Oбјавува јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Oпштина Oхрид за купување велосипеди во 2022 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Oпштина Охрид за купување велосипед во 2022 година.

Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Македонија од 01.01.2022 година се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, се наведува во повикот.

Средствата што Општина Охрид ќе ги субвенционира, се додава во Јавниот повик, се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход за невработените лица и студентите.

Условите и потребната документација се објавени на официјалната веб страна на Општина Охрид.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2022 ГОДИНА

OhridNews