Министерството за внатрешни работи, објави Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во МВР. Притоа, на јавниот повик се повикуваат сите заинтересирани кандидати – исклучиво студенти во завршна година на студирање од областа на правните и економските студии.

Со јавниот повик се бараат двајца волонтери во СВР- Охрид, еден од областа на правните студии и еден од областа на економските студии.

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период заклучно до 15.09.2013 година, без можност за продолжување на волонтирањето.

Кандидатите кои аплицираат за волонтер во Секторот за внатрешни работи – Охрид, потребните документи да ги достават во писарницата на секторот.

Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Министерот за внатрешни работи. По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.