Јавниот простор наспроти урбанистичката експанзија. За ова ќе се “кршат” мислења на седмата по ред јавна дебата на Здружението Диверзити Медиа.

Оваа дебата ќе се одржи во утре, 6 август 2013 година, од 17 до 19 часот, во просториите на Советот на општина Струга.

Панелисти на дебатата ќе бидат Зијадин Села, градоначалник на општина Струга, Никос Чаусидис, автор на книгата “Проектот Скопје 2014 – скици за едно наредно истражување”, Беса Татеши, еколошки експерт и Арјета Џумкар, архитект.

Диверзити медиа со овој настан ќе се обиде да ја поттикне интелектуалната, академската и експертската јавност активно да се вклучи во развојот на јавниот дијалог. А, посебно обрнуваме внимание на активното учество на граѓаните во дебати на вакви актуелни теми.

Во рамки на проектот „Дебати_мкˮ Диверзити Медиа организира 10 јавни дебати во периодот од април до септември 2013 година. Проектот е делумно поддржан од програмата ЦИВИЦА Мобилитас на Центарот за институционален развој, ЦИРа. Дебатите се поддржани и промовирани и од страна на Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, дел од меѓународната ИДЕА мрежа која повеќе од десет години промовира дебата и критичко размислување помеѓу младите.

Тие ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.

OhridNews