Како што информира членот на Претседателството на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството од Охрид, Драган Молкоски, на протесстот ќе учествуваат и претставници од Охрид чиј број ќе биде симболичен.
Владата промените во однос на овие два закона ги направи без да ги праша за мислење претставниците на синдикатот. Со овие два закони кои се во собраниска процедура се намалуваат работничките права, како што е намалување на надоместот за одење технолошки вишок од 5 години на 18 месеци, вели Молкоски.
Протестот ќе започне пред Домот на синдикати во Скопје, по што ќе продолжи со марш пред македонското собрание и Владата на РМ.