Градоначалникот на Општина Охрид организира Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на крајбрежен простор во зона исток 1, потег  Лагадин-Пештани дел од УБ 7 измена и дополна.

Извештајот е изложен во соба бр.  56   во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден  од 8  – 16 часот    почнувајќи  од денес, 16- ти февруари па се до 17- ти март 2011год. 

Јавната расправа предвидено е да се одржи на ден 04.03.2011 г. ,   во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација .

Забелешките и предлозите можат да се испраќаат и на маил : [email protected]  или по пошта на следната адреса – Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

OhridNews