Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа ,Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за измена и дополна на ДУП за УЗ 2,дел од УБ 2.3,опфат З.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр.  56   Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , во Општина Охрид, секој работен ден  од 8  – 16 часот, до 08.11.2012 год. 

Јавната расправа ќе се одржи на ден 29.10.2012 год.,    во малата сала на Општина Охрид , со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можат да се испраќаат на е_маил : urbanizam@ohrid gov.mk , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

OhridNews