Градоначалникот на Општина Охрид организира Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за измена и дополна на ДУП за УЗ 11,дел од УБ11.4,опфат 1МЗ Видобишта  Општина Охрид.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр.  56   Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , во Општина Охрид секој работен ден  од 8  – 16 часот    почнувајќи  од утре до 23.04.2011год. 

Јавната расправа ќе се одржи на ден 06.04.2011г.    во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози  по Извештајот.

OhridNews