Од денес до 25. 01. 2012, нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е достапен за увид во соба бр. 56 во рамки на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден од 8 – 16 часот.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 12.01.2012 во 12 часот во малата сала на Општина Охрид. Заинтересираните, своето мислење во врска со Извештајот, може да го достават во рок од 30 дена.