Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина ќе биде изложен во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина , во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот, почнувајќи од денес до 25.11.2011 година.
Јавната расправа ќе се одржи на 16.11.2011 год. во малата сала на Општина Охрид , со почеток во 12 часот.
Правните и физички лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на информацијата. Заинтересираните страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и го дадат своето мислење ,забелешки и предлози по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина преку e- mail или по пошта.