Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр. 56 , Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден од 8 – 16 часот , од денес до 21.04.2012 год. Јавната расправа ќе се одржи на ден 09.03.2012 г. во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во наредните 30 дена, а заинтересираните страни ќе имаат можност да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози или истите да ги испратат по пошта или на интернет адресата во локалната самоуправа.