Просторот на планскиот опфат за овој нацрт план оформен е од границата на планскиот опфат која се движи по ул. „Кеј М.Тито“, ул. „8ми Март“, ул.„Партизанска“ и улица „1“.
Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае од денес заклучно со 28.10.2011 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 20.10.2011 година со почеток во 13.00 часот.
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општината Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.