Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае заклучно со 23.05.2011 година.
Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 16.05.2011 год. со почеток во 12 часот .
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Нацрт планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавната презентација, можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.