Се организира јавна анкета и јавна презентација за Нацрт – Детален урбанистички план за УЗ 16, дел од УБ 16.1 – опфат 2, КО Велестово, плански период 2013-2018.
Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 16, дел од УБ 16.1 – опфат 2, КО Велестово, е опфат со површина од 0,36 ха и тоа во граници: – на северозапад по осовина на планирана сервисна улица Рача 1 Се.”16.1″ (превземена од ГУП на Охрид), поставена дел на постојна асфалтирана улица до пресекот со осовината на станбената Ст.”1″, поставена на постојна асфалтирана улица и по нејзина осовина оди на исток, североисток до пресекот со осовината на пристапната улица Пу.”1″ (источната граница на градот према важечкиот ГУП на Охрид (дел од УБ 16.1)), поставена дел на постојна пристапна улица, па по нејзина осовина оди на југ до пресекот со осовината на пешачката патека Пп.”1″, поставена на постојна пешачка патека и продолжува по нејзина осовина на запад.
Јавната анкета ќе трае од денес до 13- ти ноември. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 05.11.2015 год. со почеток во 12.00 часот.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
OhridNews