Просторот на планскиот опфат оформен е од границата на планскиот опфат кој се движи по Бул. „Туристичка“, Бул. „Асном“, Новопроектирана „3“ и Новопроектирана „4“.
Јавната анкета и презентација за нацрт планот почнува денес и ќе трае заклучно 31.01.2012 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на 18.01.2012 година со почеток во 12.00 часот.
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општината Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови.