Од денес до 21.09.2011, односно 22.09.2011 год. Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за: Урбанистички план за село Љубаништа градежна парцела бр. 1 на КП 1616/ 2- КО Љубаништа, општина Охрид 2011- 2016 Нацрт план. Изменување и дополнување на ДУП за УЗ 6, урбан блок 6.2 за ГП 6.2.2.1 на КП 11734- опфат ул. Јане Сандански и булевар Туристичка- КО Охрид 2. Охрид 2011- 2016 нацрт план. ДУП за дел од УЗ 13 дел од урбан блок 13.2 опфат 1- улица Будва и улица Винковачка- КО Охрид 4 Охрид 2011- 2016 нацрт план и урбанистички план вон населено место за туристичкиот комплекс Св. Стефан дел од блок 4. 1 опфат 1 КО Коњско, општина Охрид  2011- 2016 нацрт план.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица, плановите ќе бидат истакнати во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

OhridNews