Со решение на градоначалникот Александар Петрески се организира јавна анкета и јавна презентација за Урбанистички план вон населено место Лагадин – Пештани дел од Блок 1 – опфат 1 Лагадин – Пештани, општина Охрид нацрт план 2011 – 2016.

Просторот на планскиот опфат оформен е од границата на планскиот опфат која се движи по регионален пат Охрид – Св. Наум (Р 501), планирана станбена улица „1“, планирана станбена улица „2“, планирана станбена улица „3“ и соседните КП бр. 2729/6 и 2730/9.

Јавната анкета и презентација за Нацрт планот започна денес и ќе трае заклучно 25.10.2011 година.

Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 20.10.2011 година со почеток во 12,00 часот. Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општината Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

OhridNews