Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за неколку Нацрт – детални урбанистички планови : Нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1 кој е во границите на улиците:„Св.Климент Охридски“, „Климентов Универзитет“ и ул.„Петар Чауле“. Нацрт – ДУП за с.Пештани од блок 1 до блок 18, кој е во границите на с.Пештани до хотел „Десарет“. Нацрт – ДУП за УЗ 9 и УЗ 13, УБ 9.3 и УБ 13.2 кој е во границите на улиците: „7-ми Ноември“, „Егејска“ и „Кленоец“. Нацрт-ДУП за УЗ 2,УБ 2.4 опфат 2 во границите на улиците: „Кеј Маршал Тито“ ул. „8-ми Март“ ул.„Партизанска“ ул.„Славеј планина“ и катастарски парцели на дел од западната страна. Нацрт-ДУП за УЗ 2,УБ 2.3 опфат 2 на улиците: „Булевар Македонски Просветители“ и „Даме Груев“ и Нацрт-ДУП за УЗ 2,УБ 2.3 опфат 3 во границите на улиците:„Булевар Туристичка“,ул.„Даме Груев“ и новопланирана улица според ДУП.
Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае од 27.09.2010 година заклучно со 11.10.2010 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 30.09.2010 година, со почеток во 12 часот.
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица, Нацрт планот ќе биде истакнат во холот пред големата сала на општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки може да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општина Охрид.
Ноќеска во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишно лице од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот ...
Времето денеска наутро посвежо, преку денот сончево и топло Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Максимапната температура во Охрид ќе достигне 27 степени И во понеделник не очекува стабилно...
Синоќа во Куќата на Робевци беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археологија Лихнида“ по повод Европските денови на наследството 2025 во организација на НУ Завод и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.