Jавната дебата на тема „Катна гаража – нова можност за Охрид“, имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ ќе се оддржи денес со почеток во 11 часот во големата сала на Општина Охрид.

Јавната дебата ќе придонесе за дополнително запознавање на охридската јавност со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период. Поентите кои ќе произлезат од истата се очекува да ја зацврстат и подлабочат релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, што е предуслов за добро владеење и демократски развој, потенцираат организаторите.

Јавната дебата е во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС), а шестмесечната иницијатива во рамки на горенаведениот проект е насловена како „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“.

OhridNews