За пошироко вклучување на младите во процесите за креирање на младински политики на национално ниво, Коалицијата на младински организации СЕГА,  денес во Охрид ќе организираат јавна дискусија на тема: „Закон за млади – да го вратиме во собраниска процедура!“. Јавната дискусија ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

-Целта на дискусијата е да се добие мислење на младите луѓе, како и да се приберат забелешки и ставови на младите по однос на предлог текстот на Законот за Млади, со цел подобрување на неговата содржина во интерес на младите и негово повторно враќање во собраниска процедура, велат од Коалицијата на младински организации СЕГА.

Од таму нагласуваат дека иницијативата за враќање на предлог Законот за млади во собраниска процедура, во изменета верзија е неопходен чекор за подобрување на состојбата на младите во Република Македонија

Предлог Законот за млади на Република Македонија беше повлечен од собраниска процедура во октомври 2011, со одлука на Владата на Република Македонија, по реакција на граѓански организации кои тврдеа дека предлог законот е донесен нетранспарентно и не ги брани интересите на младите.

Инаку освен во Охрид, вакви јавни дискусии ќе бидат одржани и во уште девет градови во Македонија.

OhridNews