Денес, со почеток во 12 часот во салата на општина охрид ќе се одржи јавната презентација на нацрт- Урбанистичкиот план вон населено место Блок 4.3-дел од туристички комплекс ” Св.Стефан” општина Охрид 2010-2020, кој е оформен од основните катастарски парцели и нивните делови: КП. 2742 ; 2741/1; 2613/1; 2614/1; 2615/1; 2616/1; 2612/1; 2611/1; 2610/2; 2610/1; 2609/2; 2609/1; 2618/1; 2617/1; 2608 и 2607/1.

Повторената   јавна анкета на планот е во тек и ќе трае заклучно со 23.05.2011 година.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Нацрт планот е истакнат во холот  на општина Охрид,  пред големата сала за состаноци. Стручната служба дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае  јавната анкета и јавната презентација, можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

OhridNews