Од локалната смаоуправа информираат дека на увид и јавна расправа ставен е извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина  за УПВНМ за ГП1 во блок 4.3 на КП 2617/1 и КП2618/1,  КО Коњско (дел од туристички комплекс Св.Стефан.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр.  56   Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден  од 8  – 16 часот    почнувајќи  од утре па се до 17.03.2012 година. 
Јавната расправа ќе се одржи на ден 07.03.2012г.  во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во наредните 30 дена.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина. Тоа можат да го направат по пошта или по електронски пат.

OhridNews