Општина Охрид, организира завршна јавна расправа по Фискалната стратегија и нацрт развојната програма.
Јавната расправа ќе се одржи во понеделник, 21 декември, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18 часот.
На јавната трибина свои мислења и сугестии ќе може да изложат заинтересираните граѓани, институции, организации и невладинот сектор.












