Утре во малата сала при општина Охрид ќе се одржи јавна расправа на која што ќе бидат презентирани капитални инвестициски програми.

Меѓу нив се рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци, набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец, како и аплицирањето на општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка.

Почетокот е од 13 часот, а јавната расправа се поканети сите заинтересирани правни и физички лица и месните заедници.

OhridNews