Јавната установа Национален парк Галичица ќе организира Јавна расправа за Нацрт измените на ,,Планот за управување со Национален парк Галичица за периодот 2010-2020 година”. Според најавите jавнaта расправа во Охрид ќе се одржи на 9-ти јануари во службените простории на Националниот парк, со почеток во 11 часот.

Наредниот ден, односно на 10-ти јануари, Јавна расправа ќе биде организирана и во Ресенскиот регион, во просториите на Центарот за посетители во село Стење.

OhridNews