Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира јавна расправа околу заклучоците за предлог измени на законите за угостителска и туристичка дејност. Јавната расправа ќе се одржи во четврток, 8-ми февруари со почеток во 12 часот во малата сала на општинската зграда.

На дневен ред ќе бидат предлог измените на Законот за туристичка дејност и Законот за угостителска дејност, предлог измената и дополна на Законот за такса за привремен престој, предлог мерките и активности за проблемите со кои се соочува туристичкото стопанство и подобрување на условите за патување на луѓето.

OhridNews