Првата јавна расправа за Предлог планот ќе се одржи во четврток, 24 јуни во Охрид, а втората расправа е закажана за 25 јуни, петок, и ќе се одржи во просториите на Општина Ресен.
Предлог Планот за управување со паркот е достапен на службената веб страна на НП “Галичица “. Картата со предлогот за новото зонирање на паркот и дозволените активности во секоја од зоните е изложена во холот на зградата на Општина Охрид и во холот на зградата на Општина Ресен.