По усвојувањето на нацрт фискалната стратегија и развојните програми за 2015 година на 33- та седница на советот на општина Охрид, 19 декември, петок, ќе се одржи јавна расправа на која ќе можат да земат учество и граѓаните.

Како што истакна градоначалникот Бакрачески, дефинитивната верзија на програмите ќе биде со печат од граѓаните на Охрид.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 13 часот.

OhridNews