Општина Охрид информира дека ставен е на увид и јавна расправа , Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина  за ДУП за дел од УЗ 1, дел од блок 1-1, опфат 1 централно градско подрачје. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр.  56,   Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден  од 8  – 16 часот    почнувајќи  од денес до 23.02.2011 год.  Извештајот на граѓаните им е достапен и преку веб- страницата на општина Охрид. 

Јавната расправа ќе се одржи на ден 10.02.2011 г., во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќаат  на е- маил : urbanizam@Ohrid. gov.mk или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

OhridNews