
Ваквата состојба, се посочува во рекацијата, се толерира со години. Повеќе пати било реагирано до надлежните служби во локалната самоуправа и инспекторатот, но, како што велат, безуспешно.
-Во стариот дел на Охрид локалните кафе баровите го узурпираат државното земјиште и градат летни тераси на јавни површини и паркинзи без соодветна дозвола или било каква согласност од надлежните служби. Закупците ги земаат под закуп објектот во градот и вршат узурпација на јавните површини, на тој начин не оставаат простор за нормално функционирање на локалното население. Речиси и да не постојат јавни паркинг места за граѓаните на Охрид, од диво изградените летни тераси и диво поставените маси и столови на кафе баровите.
Дали треба да се повторат инцидентите што се случуваа во село Трпејца во сред туристичка сезона за да ги заинтересираме надлежните служби да излезат на терен?-се вели во дописот кој до нашата редакција го испрати група граѓани.












