
Покрај плаќањето на рати, на должните претпријатија ќе им бидат отпишани и каматите, доколку по истекот на грејс периодот редовно си ги плаќаат долговите, а во меѓувреме почнат со подмирување на тековните обврски.
ЛДП смета дека Предлог законот е дискриминирачки во однос на приватните фирми, кои ако задоцнат со плаќањето, веднаш добиваат блокирани сметки.
Како дел од пакетот антикризни мерки и фирмите минатата година добија можност за целосно или делумно отпишување на каматите по основ на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, под услов ако ја платат основната главнината на долгот.












