Јавното наддавање за 9-те охридски плажи што беа понудени на тендерот што го го распиша Министерството за транспорт и врски ќе се одржи денеска.

Иако се очекуваше поголем интерес на тендерот за 9 плажи се пријавија само петмина заинтересирани. За тие плажи денеска ќе се одржи јавно надавање, додека за слободните ќе се распише нов тендер. Заинтересираните до 19 март требаше  да  изготват урбанистичко техничка документација според насоки и упатства од ресорното министерство. Плажите треба да се уредени и попесочени, да ја имаат потребната  инфраструктура. Мора да поседуваат слободен дел, влезот на плажите ќе биде слободен, а ќе треба да се задоволат и безбедносни критериуми.

Според угостителите условите за издавање на плажите на подрачјето на општина Охрид се неповолни, цената за закуп е превисока, а времетраењето на концесиониот договор од 2 години е прекраток за да се вратат вложените средства за уредување на плажите.

Тоа  според угостителскиот еснаф е и  причина за слабиот интерес за закуп на охридските плажи. Угостителите побараат министерството за транспорт да го продолжи времетраењето за закуп преку две години, на закупците да им се даде грејс период од неколку години во кој ќе бидат ослободени од плаќање закупнина, или дел од средствата што тие ќе ги вложат во уредувањето на плажите да се одбијат од закупнината.

Г. Момироски