Скандалозните случувања во и околу Националната установа фестивал „Охридско лето“, според јавноста многу тешко ќе се расчистaт. Мнозинството од нив, или 84 проценти се убедени во тоа, додека 14 отсто се на мислење дека скандалот ќе биде расветлен.

Во прилог на оптимизмот секако не оди затвореноста на надлежните институции, разните тела и органи на фестивалот и надлежното министерство, кои упорно одбиваат да и соопшта на јавноста колкави се долговите на фестивалот и каква е неговата финансиска состојба. Во недостиг на конкретни податоци во јавноста се шпекулира со цифри од 100.000 евра па нагоре. Од УО по последната седница се обратија со соопштение во кое се тврди дека Охридско лето е во добра кондиција и дека очекуваните приходи се поголеми од долговите. Колкави се тие никој не кажува.

Фестивалот наскоро треба да добие нов директор, кој се избира по скратена постапка. Конкурсот беше распишан минатиот петок и трае 8 дена.

OhridNews